segunda-feira, 12 de setembro de 2016

ШАМПИОНОТ УБЕДЛИВ, ШКЕНДИЈА „КИКСИРАШЕ“ ВО КОЧАНИ

Resultado de imagem para flag macedonia

Вардар со 4:0 славеше во Ѓорче, додека тетовци иако водеа со 1:0 на крајот сепак останаа без два важни бода. Прв пораз на Пелистер и први бодови на Победа
Вардар со 4:0 на гостувањето во Ѓорче извојува убедлива и со тие три бода сега е прв на табелата по 5. коло. Тимот на стратегот Гоце Седлоски одигра квалитетно, постигна четири голови преку Грнчаров, Балотели, Николов и Глигоров и не дозволи „лавовите“ да се понадеваат дека можат да го изненадат фаворитот. Затоа Шкендија беше и тоа како изненадена во Кочани. „Новата“ Брегалница предводена од Јуксел Јесилово одигра 1:1 и со тоа на големиот фаворит му откина два значајни бода. Тодоровски рамно им донесе водство на тетовци, но Велинов во 77. по една убава акција донесе радост кај „сините“. Прв пораз на Пелистер и тоа во Тетово и тоа од Ренова. Гафури и Селмани беа стрелците за „гипсарите“. Победа во Битола успеа да го победи Шкупи со 2:1, и со тоа да ги освои првите бодови во новата сезона. Прилепчани поведоа со автоголот  на Бајрами, додека Цветаноски од пенал ја потврди победата, а во последните моменти Бајрами намали на 2:1.
Вчера Работнички во дербито славеше над Силекс со 3:1.
РЕЗУЛТАТИ 5. КОЛО
РАБОТНИЧКИ - СИЛЕКС 3:1
БРЕГАЛНИЦА - ШКЕНДИЈА 1:1
Велинов 76’ - Тодоровски 6’
МАКЕДОНИЈА ЃП - ВАРДАР 0:4
Грнчаров 37’, Балотели 73’, Николов 76’, Глигоров 86’
РЕНОВА - ПЕЛИСТЕР 2:0
Гафури 58’, Селмани 65’
ПОБЕДА - ШКУПИ 2:1
Бајрами 2’ (аг), Цветаноски 40’ (п) - - Бајрами 90’
ТАБЕЛА1. Вардар 13., 2. Работнички 12., 3. Пелистер 10., 4. Ренова 8., 5. Силекс 7., 6. Шкендија 7., 7. Победа 3., 8. Шкупи 2., 9. Македонија ЃП 2., 10. Брегалница 2.

Nenhum comentário:

Postar um comentário